Во тек е реконструкцијата на патниот правец меѓу селата Бељаковце и Клечовце во Општина Куманово.
Како што рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, денеска при увид на градежните работи на улицата „Никола Тесла“, откако ќе завршат овие два проекти, ќе отпочне и рехабилитација на патот од Пчиња до Вак’в.
– Покрај тоа веќе е почнато со реконструкција на патот Бељаковце – Клечовце во вредност од околу 35 милиони денари. Откако ќе завршат овие два регионални пата ќе започне исто така реконструкција на патот од Пчиња до Вак’в или вкупната инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта во Општина Куманово ќе биде 85 милиони денари, изјави Трајановски.
ЈПДП, вели Трајановски, за реконструкција на овие регионални патишта во рамките на програмата за 2025 година, а во договор со ЈП „Македонија пат“ има предвидено 700 милиони денари.
Улицата „Никола Тесла“ е исто така во тој проект, а реконструкцијата започна вчера.
Никола Ивановски