Максим Димитриевски

Максим Димитриевски е роден на 29 нoември 1975 година во Куманово и е актуелен градоначалник на Општина Куманово.

Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје.

Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово#. Магистрира во 2021 гдина на тема ,,Улогата на локалната самоуправа во вонредна и кризна состојба, во услови на епидемија со осврт на општина Куманово”.

Има долгогодишно работно искуство како приватен стопанственик.

Максим Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.

Политичката кариера Димитриевски ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија.

Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово.

Во продолжение сите вести поврзани со Максим Димитриевски.

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. ЗаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Експертски тим на ГРЕКО (Група држави против корупција) при Советот на Европа престојува во Куманово, во рамки на шестиот евалуациски круг посветен на спречувањето на корупцијата и унапредувањето на интегритетот на локално ниво. Посетата се реализира во периодот од 2 до 6 ноември, а денеска градоначалникот на Општина Куманово, МаксимПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетот пред граѓаните. Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, денес во Кочани, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, заедно со партиското раководство, ги презентира резултатите од изминатите две години и ги испрати јасните пораки за принципите одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Витезите темплари на Македонија денеска донираа 40 хидраулични болнички кревети со душеци, наткасни и 19 греалки за Општата болница Куманово, со цел да се подобрат условите за престој и лекување на пациентите. Донацијата е реализирана со поддршка на нивните соработници од Австрија, амбасадата, локалната самоуправа, здруженија и компании.    Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во тек е реконструкција и унапредување на објектот во кој е сместена Територијалната противпожарна единица – Куманово, со цел подобрување на условите за работа и престој на пожарникарите. Како што информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во рамки на реконструкцијата се предвидени повеќе зафати за модернизација и подобрување на инфраструктуратаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.  Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На депонијата „Краста“ во Куманово поставени се нови камери за видеонадзор и заштитни огради, а во наредниот период се планира поставување дополнителни заштитни капии и осветлување. Мерките се преземаат по повеќемесечните проблеми со пожарите и чадот од депонијата, кои предизвикаа реакции и протести на жителите од околните населени места.  Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ги повика граѓаните активно да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година, преку споделување на своите идеи, предлози и приоритети. Димитриевски ги охрабри сограѓаните да го пополнат онлајн анкетниот прашалник, со цел планирањето на буџетските средства да одговори на реалните потреби наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На малиот плоштад „Маршал Тито“ во Куманово засадени се 140 садници јасмин, во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.     Со акцијата се предвидува уредување на јавниот простор и збогатување на зелените површини, со цел создавање позелена и попријатна животна средина за граѓаните.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градежни активности за подобрување на патната инфраструктура се одвиваат на неколку локации во Куманово, информира градоначалникот Максим Димитриевски.     На улицата „Индустриска“ во тек е вградување на првиот асфалтен слој БНС 22, со дебелина од осум сантиметри, на десниот коловоз, на потегот од Јавниот царински склад до улицата „Железничка“.Прочитај повеќе