СЗО: Трансродовоста повеќе не се смета за ментална болест

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација оцени дека рансродовста, одно чувството на припадност во спротивниот пол, повеќе не треба да се смета за ментално заболување, што е одлука која се уште треба да ја одобрат земјите членки во 2019. година.

Тоа произлегува од 11. верзија на Меѓународната класификација на болести (ICD) која СЗО ја објави оваа недела, што е прв пат од почетокот на деведесетите да е извршна глобална ревизија на таа класификација.

Зависноста од видео игри е ментална болест

Loading...

Документот наречен ICD-11 ќе биде претставен на Светското собрание за здравје во мај 2019 година во Женева за да земјите членки го усвојат, и ќе стапи на сила во јануари 2022 година. Опфаќа појави претходно класифицирани на други места, како што е трансродовоста, која досега била сместена под ментални заболувања.

– Еден многу голем проблем е што врзување на трансродноста со менталните заболувања ги стигматизира луѓето, рекла за Франс прес, Лале Сеј, шефицата на одделението за репродуктивно здравје и истражување при СЗО.

СЗО очекува дека новата класификација ќе ги намали стигматизирањата на трансродовите лица и дека би можела да допринесе за подобро прифаќање на тие лица во општеството и дури да се зголеми нивниот пристап до социјалната заштита, рекла таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Наместо за бебиња, фабрика се префрла на производство на пелени за возрасни

Leave a Reply