Во претходните 24 часа, во светот беа регистрирани повеќе од 425 000 нови потврдени случаи на коронавирус, а вкупниот број на такви случаи надмина 115,289 милиони, објави Светската здравствена органзација (СЗО) во дневниот билтен.
Во светот, регистрирани се 115.289.961 нови случаи на коронавирус и 2.564.560 смртни случаи поврзани со ковид-19.
Бројот на потврдени случаи се зголемил за 425.675 во изминатите 24 часа, а бројот на смртни случаи се зголемил за 9.561, пренесува Tas s.
Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од земјите.
Во Европа, евидентирани се над 41% од новите дневни случаи на ковид-19 (178.102 случаи). Следат Северна и Јужна Америка (173.607 случаи) и Источен Медитеран (35.508 случаи).
Најголем број случаи на коронавируси се пријавени од САД (28.468.736), Индија (11.173.761), Бразил (10.718.630), Русија (4.301.159), Велика Британија (4.201.362), Франција (3.768.799), Шпанија (3.142.358) , Италија (2.999.119), Турција (2.746.158), Германија (2.482.522), Колумбија (2.262.646) и Аргентина (2.130.987).