СЗО: Не е прашање дали ќе се случи следната пандемија, туку кога

Сподели со своите пријатели

Време е да се договориме за меѓународен договор за пандемии, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на отворањето на новата рунда преговори во кои не учествуваат САД, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на АФП.

Loading...

Ниту една земја нема да може сама да се справи со нова пандемија, рече Гебрејесус, три дена откако САД официјално објавија дека нема да учествуваат во преговорите.

„Се наоѓаме во клучен момент додека се подготвуваме да го финализираме договорот за пандемии за Светското здравствено собрание“ во мај, рече шефот на СЗО на отворањето на 13-та рунда преговори во седиштето на организацијата во Женева.

„Тоа е сега или никогаш, навистина“, рече тој. „Но, уверен сум дека ќе изберете „сега“, бидејќи знаете што е во прашање“, рече тој.

Тешки лекции

Во декември 2021 година, земјите-членки на СЗО одлучија да договорат договор за превенција од пандемија и подготвеност за да се избегнат големи грешки од пандемијата Ковид-19.

Сепак, некои важни прашања сè уште не се решени, вклучително и размената на податоци за новите патогени и придобивките што произлегуваат од ова, имено вакцини, тестови, методи на лекување и следење на пандемијата.

„Се сеќавате на тешките лекции од Ковид-19, кој уби речиси 20 милиони луѓе“ и „кој продолжува да убива“, рече Гебрејесус.

„Затоа сме тука: да ги заштитиме идните генерации од последиците на идните пандемии“.

Loading...

„Не е прашање дали ќе се случи следната пандемија, туку кога. Доказите за тоа се насекаде околу нас: ебола, вирусот Марбург, сипаници, мајмунски сипаници, грип и заканата од следната болест Х“, додаде шефот на СЗО.