СЗО: Изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа во Газа

Сподели со своите пријатели

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска соопшти дека изгубиле контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа во Газа, откако израелските сили почнале со напад на установата.

Loading...

„Извештаите за воениот упад во болницата Ал-Шифа се длабоко загрижувачки. Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на нивните пациенти“, напиша генералниот директор на СЗО на платформата Х, пренесува Ројтерс.

Израелската армија денеска соопшти дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 20 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа