Властите во Демократска Република Конго доцна во неделата соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се искачил на 2.344, вклучувајќи 930 смртни случаи.
Реакцијата на конгоанските власти на епидемијата на ебола е попречена од недостатокот на центри за лекување и отпорот на заедницата кон строгите хигиенски мерки, објавува Ројтерс.
Извршниот директор на Програмата за здравствени итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), Чикве Ихеквезу, рече дека вистинскиот број на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно, а можеби и четири пати поголем од официјалната бројка.
„Проценуваме дека, врз основа на нашата анализа и математички модели, вистинскиот обем на епидемијата е најмалку два до четири пати поголем од бројот на официјално потврдени случаи“, рече Ихеквезу на прес-конференција во Женева, објави Ројтерс претходно.

