СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П. (50) од Куманово управител на „Фортуна 2000“ ДОО – Куманово и правното лице „Фортуна 2000“ ДОО – Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Лицето Д.П. како управител на правното лице со намера да ја оштети фирмата „Михаил Корс“ измамил купувачи и во својот објект пуштил во промет, односно понудил на продажба осум женски чанти, произведени од непознато лице, означени со логото „МК“ – кој е носител на право на заштитна трговска марка и индустриски дизајн.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против Ј.М.(61) од Куманово, претставник на вработени во КПК „Куманово Холдинг“ АД во стечај, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.
Пријавениот, во текот на април 2013 година бил задолжен со сите клучеви од магацини и заеднички служби, како и целокупната опрема и материјали кои му биле доверени во работењето, истиот во повеќе наврати ги изнел и противправно ги присвоил предизвикувајќи значителна имотна корист, оштетувајќи го правниот субјект.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против М.А.(42) од с.Никуштак, референт за превоз во ШС – Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“.
Пријавениот, на 17.10.2015 година, извршил жигосување на затекната исечена дрвна маса во с.Орашац. Тој, исто така, иако не бил овластен наместо испратница за превоз на М.Б. му издал приемница за дотур за превоз на четири метри кубни огревно дрво, во која внел невистинити податоци.