СВР Куманово: Граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства.

Loading...

Воедно, се преземаат и репресивни  мерки со цел санкционирање на употребата на петарди и други  пиротехнички средства.

СВР Куманово ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во член 31 е предвидена глоба за оној кој употребува пиротехнички средства.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства пред и за време на новогодишната ноќ бидејќи на тој начин си го доведуваат во опасност животот и здравјето на самите себе, но и на другите. Би сакала да потенцирам доколку се најдат во ситуација некој да им понуди пиротехнички средства може да пријават на 192.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Интегрално соопштение: Сектор за внатрешни работи Куманово