Свлечиште однесе една жртва, додека второто лице се бори за својот живот

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина а уште едно се бори за живот во свлечиште предизвикано од работи на пат во Кичево.

Loading...

Според информациите денеска околу 1:15 часот во близина на селото Бачиште при работи на пат дошло до свлечиште кое зафатило две лица. Тие итно биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите, а второто лице според пишувањата на порталите се наоѓа во критична состојба и лекарите се уште се борат за неговиот живот.

Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи, од каде работат на расчистување на причините за несреќата.