Месар во Хонг Конг загина додека се обидувал да убие свиња, соопшти локалната полиција, пренесе Си-Ен-Ен.
Loading...
Месарот (61), кој работел во месарницата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.
Животното за малку ќе се онесвестило, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот се здобил со фатални повреди.
Свиња го соборила на под во месарница, а потоа се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.
Колегата кој го пронашол месарот во несвест и со нож во рака рекол дека 61-годишниот маж е повреден во пределот на ногата.
Од здобиените повреди тој починал во болница.