Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 г. во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците, т.е. Светско друштво на штедилници одржано во Милано, Италија. На последниот ден од конгресот, проф. Равица го прогласил тој ден за меѓународен ден на штедењето.
Идејата наишла на одобрение од 29 земји кои сакале да ја потсетат светската јавност на штедење, и важноста на штедењето за економијата и поединецот. Празникот се одбележува на 31-ви октомври, освен во земјите каде овој ден е државен празник.
Покрај горенаведеното, во Република Македонија Синдикатот на финансиските организации доделува награди и пофалници за најдобрите работници од оваа дејност.
Сепак многумина во западните земји забораваат на овој празник, бидејќи денес се слави и Ноќта на вештерките, додека во Германија празникот се одбележува на последниот работен ден пред 31 октомври, бидејќи во некои покраини тој ден се слави како Ден на Реформацијата.