Свети Илија ќе донесе пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Според метеролозите на УХМР, претпладне се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Loading...

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, УВ = 8.

 Утринската температура ќе се спушти до 19,  а највисоката дневна  ќе достигне околу 36 степени.

 Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер.

Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30л/м2), а ќе има и услови за појава на град. Овие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.