Сушево – кумановско село на седум жители

Сподели со своите пријатели

Сушево е село кое се наоѓа на крајниот северен дел од Општина Куманово, многу близу до границата со Република Србија.

Loading...

Станува збор за ридско село, на околу 16 километри од Куманово. Се наоѓа на надморска височина од 580 метри, и денеска брои само седум жители.

Има голема површина обработливо земјоделско земјиште од околу 268 хектари, пасишта на површина од 373 хектари и околу 200 хектари шуми.

Во Сушево некогаш живееле претежно Албанци

Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани.

Православните се иселиле во Никуљане, Бујановац и во Горно Коњаре.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 240 жители, од кои 190 Албанци, 30 Роми и 20 Македонци.

 

Loading...

 

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушево имало 56 жители, патријаршисти србомани.

По Втората светска војна населението се иселувало претежно во Куманово.

Сушево пред целосно празнење

Сушево денеска се наоѓа пред целосно празнење. Во селото според Државниот завод за статистика и пописот од 2021 година, живеат само седум лица, пет мажи и две жени.

Двајца од нив се Македонци и петмина се Срби. Тие живеат во пет различни домаќинства, иако во селото има вкупно 44.

Најмладиот е на возраст меѓу 45 и 49 години, додека најстариот жител на селото е на над 85-годишна возраст.