Сунак: Сѐ уште се проговара за аранжманот за Северна Ирска со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Велика Британија сѐ уште преговара со Европската унија за промени во трговските аранжмани за Северна Ирска по Брегзит, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.

Loading...

Како што јави Ројтерс, договорот не се очекува да биде постигнат оваа недела.

Запрашан дали договорот за таканаречениот протокол за Северна Ирска ќе биде објавен до крајот на неделава, портпаролот на британскиот премиер рече дека „интензивните преговори се во тек“.

„Преговорите напредуваат, што треба да се поздрави. Како што најави премиерот во средата, има уште многу да се направи“, рече портпаролот на Сунак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун