Сунак и Ел Сиси разговараа за ситуацијата во Газа

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак го поздрави отворањето на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, за време на телефонскиот разговор со египетскиот претседател Мохамед ел-Сиси и му се заблагодари на египетскиот претседател за неговата улога во тоа, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит.

Loading...

„Британија ќе продолжи тесно да соработува со Египет и Израел за да се осигура дека сите британски граѓани можат безбедно да ја напуштат Газа“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Двајцата лидери разговараа и за „дипломатските напори да се обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, да се спречи ескалација на поширокиот Блиски Исток и да се постигне долгорочен мир и просперитет за палестинскиот народ“, се вели во соопштението, според Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Сунак претходно разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас за ситуацијата во Појасот Газа, пренесува Танјуг.