Амбасадорот на САД на Косово, Грег Делави изјавил дека Специјалниот суд за злосторствата на ОВК се од исклучително значење за неговата земја.
– Специјалниот суд е исклучително важен за САД. Ние се грижиме за судот и сакаме да го видиме Косово интегрирано во Европа, придружувајќи се така кон меѓународните организации, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ, вели американскиот амбасадор.
Според неговите зборови, Специјалниот суд нема да суди на еден народ, нема да суди за војна, ниту било каква војска или етничка заедница.
– Судот ќе суди индивидуални случаи, рекол Делави.