Студенти во читална тврдат дека се нападнати од специјалци (видео)

Сподели со своите пријатели

По разбивање на масата на синоќешните протести пред Владата, студенти кои биле присутни во Универзитетската библиотека ”Браќа Миладиновци”, тврдат дека биле нападнати од полицијата, додека бркале некој од демонстрантите.

Loading...

”Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа! Во моментов ситуацијата е смирена, а има и новинарски екипи”, објави на својот веб портал Студентскиот Пленум.

”Направиле ршум, девојки студентки губеле свест, дечки студенти јаделе пендреци. По блицкригот, сите затекнати студенти биле построени пред читалната за извесен специјалец колективно да ги испрашува кои од нив се демонстранти и да не лажат дека учат пошо никој не учел у 23:00, пишуваа студентите на социјалната мрежа Фејсбук.

 


Leave a Reply