Струмичките преподавачи претепале кумановец

Сподели со своите пријатели

Педесет и осумгодишен кумановец бил физички нападнат од жител на Струмица во кумановската населба Карпош.

Loading...

– На 15.07.2023 во 12.40 часот во СВР Куманово, З.М.(58) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека во населба Карпош во Куманово бил физички нападнат од Д.Р.(27) од Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија фотографии од инцидентот.

Станува збор за напад од струмичките препродавачи на градинарски производи кои го имаат узурпирано влезот на населбата Карпош.

 

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор