Страшна снимка од Ерусалим: Напаѓачите излегоа од возилото и почнаа да пукаат (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа, а шест се ранети утрово во терористички напад на автобуска станица во Ерусалим.

Нападот се случил на влезот во градот, наведуваат медиумите.

Jerusalem Post пишува дека меѓу загинатите има жена (24) и маж (73).

На социјалните мрежи се појавија страшни видеа од нападот.

На една од нив се гледа како напаѓачите излегуваат од возилото и почнуваат да пукаат кон луѓето на автобуската постојка, кои панично бегаат.

Ве предупредуваме дека видеата се вознемирувачки!

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку навистина се оштетени нуклеарните постројки на Иран?

 

 

Според полицијата, двајца терористи од источен Ерусалим со М16 и пиштол пристигнале на раскрсницата Гиват Шаул во близина на влезот во Ерусалим во четвртокот наутро и почнале да пукаат врз цивилите на блиската автобуска станица.

Двајца терористи биле убиени од безбедносните сили и еден цивил кој бил на лице место.

 

Loading...