25-годишен странски студент е уапсен во Норвешка под сомнение за шпионажа, вклучително и нелегално прислушување преку различни технички уреди.
Норвешката безбедносна агенција (PST) објави дека мажот, кој бил уапсен во петокот, денеска е обвинет за шпионажа и разузнавачки операции против оваа нордиска земја, пренесува АП.
Мажот, чиј идентитет и националност не се објавени, се изјаснил за невин на првичното полициско испитување, а норвешките власти не кажале за која земја наводно шпионирал.
Тој е уапсен додека вршел незаконско следење на сигналот во изнајмен автомобил во близина на канцеларијата на норвешкиот премиер и Министерството за одбрана, пренесува Танјуг.
Според одлуката на судот, му е изречена мерка притвор во траење од еден месец со забрана за примање писма и посети.
Официјални лица за безбедност изјавија дека осомничениот не дејствувал сам.
Полицијата од мажот запленила повеќе електронски уреди за пренос на податоци, за кои сега ПСТ истражува.
Осомничениот е студент, но не е запишан во образовна институција во Норвешка, каде, според ПСТ, живее релативно кратко.
Во своите претходни проценки, PST ги издвои соседните Русија, Кина и Северна Кореја како актери кои претставуваат значајна разузнавачка закана за Норвешка, според АП.