Стошевски: „Капацитетот на водоснабдувањето на Куманово е недоволен за да ги задоволи потребите на граѓаните“

Сподели со своите пријатели

„Еден од најголемите проблеми во Куманово претставува водоснабдувањето“, вели Сашо Стошевски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека градот од година во година се повеќе се развива, а капацитетот на водоснабдување е недоволен да ги задоволи потребите на граѓаните.

Loading...

-Капацитетот на водоснабдување на Куманово е недоволен за да ги задоволи потребите на граѓаните, системот поставен на крајот на шеестите години од 20 век одамна не ги задоволува потребите за вода на граѓаните на Општина Куманово, рече Стошевски.

 

 

Тој исто така напомена дека моменталната власт на последните избори најавила дека ќе се погрижи за ваквата ситуација во Куманово да се промени, но до истата се уште не е дојдено.

-Градоначалникот Максим Димитриевски на последните избори кажа дека ќе се изгради цевковод Куманово – Липково, со новиот проект тие предвидуваа ново зафаќање на водите околу езерото Глажња, и изградба на нов цевковод во должина од 18,4 км, со што би се обезбедил сигурен филтер до станицата во Куманово и дополнителни 500 литрни на сурова вода во секунда, со што на подолг период би биле задоволени потребите за вода на граѓаните од Куманово, истакна Стошевски.

Преку реалнизацијата на овој проект, вели тој, би се намалила загубата на вода, што системот за дотур на вода би бил економски одржлив и исплатлив, а воедно би се подобрил квалитетот на вода за пиење.

Loading...

 

 

-Поминаа 4 години од локалната власт, а градоначалникот го нема отпочнато овој капитален проект, како и останатите ветувања за капитални инвестиции и оваа остана нерешена, изјави Стошевски.

Според членот на ВМРО-ДПМНЕ, и советник во Советот на Општина Куманово, ова е уште една предизброна лага на СДСМ со цел манипулација со граѓаните на Куманово.

– Оттука сакаме да прашаме зошто локалната власт предводена од господинот Максим Димитриевски не отпочне со реалицазија на овој проект? Што правеа во изминатиов период? Многу пати се уверивме дека Куманово со СДСМ нема персектива, општината нема да може да издржи уште еден градоначалник кој нема да се грижи и нема да има разбирање за проблемите на граѓаните, заврши Стошевски.

М.Ф.

Leave a Reply