Столтенберг веќе има нова работа во Минхен

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ќе биде новиот претседател на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), годишен собир познат и како „Давос за одбрана“.

Loading...

Столтенберг треба да го замени Кристоф Хојсген на таа позиција по конференцијата во февруари следната година, пренесуваат речиси сите германски медиуми повикувајќи се на неколку добро упатени извори.

Веста се уште не е официјално потврдена.

Портпаролката на МСЦ рече дека тие „генерално не коментираат за кадровски прашања“, а ниту НАТО не сака да ги коментира тие информации.

„Неспоредливо најдобар избор“

По десет години на чело на НАТО, Столтенберг во октомври ќе му ја предаде функцијата генерален секретар на поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Долгогодишниот шеф на конференцијата во Минхен, Волфганг Ишингер, а се уште актуелен претседател на одборот на фондацијата МСЦ, наводно оценил дека Столтенберг е „неспоредливо најдобриот избор“.

Столтенберг (65) беше премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.

Тој беше на чело на државата во многу тежок период, во 2011 година по нападот на областа во Осло каде се наоѓа седиштето на владата, како и на островот Утоја каде десничарскиот терорист Андерс Беринг Брејвик уби вкупно 77 луѓе.

Loading...

Зошто Хојсген заминува?

Столтенберг на тој начин ќе го наследи Кристоф Хојсген (69), поранешен висок дипломат и долгогодишен советник на канцеларката Ангела Меркел, кој е на чело на МСЦ само две години.

Како што потсетува многу влијателниот германски таблоид „Билд“, Хојсген „се прослави, меѓу другото, и со неговите скандалозни изјави за терористичкиот напад на Хамас“.

Станува збор за интервју што Хојсген го дал за јавниот сервис ЗДФ две недели по терористичкиот напад на Хамас во октомври 2023 година, во кое, според оценката на Билд и други, „не нашол никакви критички зборови за бруталниот терористички напад од Хамас, ниту пак го осуди Иран кој го спонзорира теророт“, но „наместо тоа Хојсген ја нападна еврејската држава“.

Сепак, како што пишува Spiegel повикувајќи се на извори во владините кругови, Хојсген „не треба да биде разрешен, па дури и отпуштен“.

Наместо тоа, тој најверојатно ќе остане активен во одборот на Фондацијата MSC.

MSC – форум за безбедност, пред се земјите на НАТО

Од своето формирање во 1963 година, Минхенската безбедносна конференција се разви во еден од најважните меѓународни форуми за безбедносна политика, пред сè кога станува збор за земјите на НАТО.

Секоја година во февруари, високи политичари, министри за одбрана на НАТО, воени експерти и претставници на индустријата за оружје се собираат во хотелот „Бајеришер Хоф“ во Минхен за да разговараат за прашањата за безбедносната политика.

Претседател на MSC долги години беше Хорст Телчик, а потоа и Волфганг Ишингер. Телчик, поранешен советник на канцеларот Хелмут Кол, претседаваше со конференцијата од 1999 до 2008 година.

Loading...