Шефот на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер напиша дека преговорите меѓу Вучиќ и Курти се клучот за стабилноста на регионот.
– Разговорите во Охрид со посредство на ЕУ се важни и очекувам Александар Вучиќ и Аlбин Курти да учествуваат на конструктивен начин и да постигнат напредок. Ова е клучот за трајна стабилност и европската и евроатлантската иднина на регионот. КФОР продолжува да работи за стабилно и мирно Косово, напиша шефот на НАТО Јенс Столтенберг.
The #EU-facilitated talks in Ohrid are important and I expect @predsednikrs & @albinkurti to engage constructively & make progress. This is key for lasting stability & the region’s European & Euro-Atlantic future. @NATO_KFOR continues to work for a stable & peaceful Kosovo.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 18, 2023