Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека украинскиот контранапад против руските трупи е многу ефикасен, но предупреди дека се потребни „долгорочни напори“, бидејќи тоа не го означува почетокот на крајот на војната, пренесува Ројтерс.
„Се разбира, исклучително е охрабрувачки да се види дека украинските вооружени сили успеаја да ја вратат територијата и да нападнат зад руските линии“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.
Тој исто така нагласи дека без оглед на овој факт, мора да биде јасно „дека ова не е почеток на крајот на војната“, и дека „мора да се подготвиме за долгорочни напори“, наведува британската агенција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.