Стефан Трајановски е назначен за нов директор на Општа болница Куманово, информираат од Министерството за здравство.
Loading...
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори неколку јавни здравствени установи, меѓу кои и кумановската општа болница.
Трајановски е ортопед хирург, вработен со години на Ортопедското одделение во болницата.
Тој ќе ја наследи позицијата директор на една од најголемите болници во државата од досегашната директорка Биљана Ивановска.
Никола Ивановски