Ставени во функција тениските терени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тениските терени во Куманово почнаа да функционираат, соопштоја денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ кое менаџира со комплексот базени и тениските терени.

Loading...

Од претпријатието, нагласуваат дека од 1 април, годинава ќе ги утврдат термините кои ќе ги користат и клубовите и рекреативците.

– Од пред една недела пуштени се во употреба тениските терени на инсистирање на граѓаните и на клубовите, бидејќи временските услови тоа го дозволуваа. Оваа недела има мал застој затоа што деновите се врнежливи меѓутоа со клубовите, а и со асоцијацијата која работи на тенискиот спорт, која е и школа за тенисери од Куманово се договоривме во текот на оваа недела до први април да ги договориме и термините и политиката на користење на тениските терени со тоа што ние како ЈП имаме интенција да бидат достапни до сите граѓани, изјави директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Преку овој начин на работа ќе се обезбедат слободни термини за големиот број рекреативците како и за клубовите кои работат со млади тенисери.

– Имам сознанија дека неколку наши тенисери и тенисерки веќе имаат некаков завиден успех со тоа што ние како општина и како ЈП сакаме да им овозможиме да со својата работа го достигнат нивниот врв и да направат уште поголеми успеси во наредниот период, изјави Петрушевски.

Од ЈП „Куманово Паркинг“ информираат дека и недела ќе биде отворена за работа, веќе се поднесени барања до трудовата инспекција.

– Се надевам дека ќе добиеме до први април, и мислам дека од наредната седмица и недела ќе ја покриеме со работа, после добивање на дозвола така што можат и рекреативците и клубовите да ги користат терените и во ден недела, вели Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

МИА

Loading...