Старо Нагоричане има најстари противпожарни возила, Куманово недостиг на пожарникари

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане располага со најстари возила во целата држава, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Loading...

Во меѓувреме Куманово има дури 33 пожарникари помалку од законски пропишаното.

Според анализата Македонија има недостиг од вкупно 340 пожарникари. Најголем недостиг има во Скопје или 200 пожарникари помалку од законски пропишаното. Следува Куманово со минус од 33, а тука се и Битола и Тетово.

Од друга страна, помалите општини имаат и над законскиот минимум. Пример Ресен има дури шест повеќе, а по четири Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

Возилата се „антички“, покажува оваа анализа. Така од 284 возила, половина се постари од 30 години. Иако во последните три години биле набавени 65 возила плус, сепак тие се „половни“ и со просечна старост од 17 години.

Најстари возила со просечна старост од 39 години, има противпожарна единица во Старо Нагоричане. Една година „помлади“ се возилата во Кратово, а 36 години е просечната старост во Валандово.

Велес и Штип имаат најнови возила, кои сепак се стари во просек по 12 години.

Loading...

Шампион е возилото од Валандово – ТАМ од далечната 1966 година, а со слична старост има и во Македонска Каменица, Битола, Крива Паланка и Демир Хисар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го нападнал својот син

Слично е и кај амбулантните возила. Ги има 263 во целата држава, а просечно се стари по 12 години.

Никола Ивановски