ССМ со ”топло – ладно” за К -15: Регресот за годишен одмор стана личен избор

Сподели со своите пријатели

Откако минатата година со измени на Законот за работни односи, беше донесена одредба со која работодавците имаа обврска на работникот задолжително да му исплатат надоместок за регрес за годишен одмор, Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи, во текот на вчерашниот ден, одлучи регресот за годишен одмор или т.н. К -15 повеќе да не биде задолжителен.

Loading...

Фирмите ќе можат или не мораат да исплаќаат К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите.

Максималната сума која ќе треба да се исплати за К-15 останува 8.400 денари.

Минатогодишните казни предвидуваа правното лице да биде казнето со 1.000 евра, т.е 800 евра за работодавецот – физичко лице и 600 евра за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавецот, доколку не го спроведуваат колективниот договор.