Српската заедница го отвори двонеделниот турнир ”Видовдан 2015” (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

По петнаесетти пат, вчеранавечер во Куманово, на терените на поранешната спортска сала ”Соколана”,  беше отворен традиционалниот турнир во мал фудбал ”Видовдански турнир 2015”.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”74″]

 

Турнирот го прогласи за отворен Горан Зафировиќ, претседател на регионалната организација на Српската заедница во Куманово.

 

На вчерашниот прв натпревар се сретнаа четири екипи, и тоа Веланд-Форшпед, Бела дона-Потресени, Стела М-Хармонија и Висто-Ноне Пром.

Loading...

Турнирот е предвиден е да заврши на 27 Јуни кога ќе се одржи и финалето на турнирот.  На турнирот ќе се натпреваруваат 16 реномирани екипи кои ќе бидат поделени во 4 групи.

Првите две екипи од групата одат понатаму, соопштија организаторите.

За првите три екипи се обезбедени пехари и медали, а исто така ќе бидат наградени и најдобриот голман, стрелец и најдобриот играч на турнирот.

Како што е најавено,  пред финалето ќе биде одиграна ревијален натпревар помеѓу ветераните на ФК Вардар и една екипа.