Средношколец тврди дека ја хакирал приватна електронска пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан, кој вели дека се до неодамна и не знаел дека неговиот мејл е хакиран, а содржел многу чувствителни документи – вклучувајќи ја и неговата молба за безбедносна ауторизација на 47 страници.
Според зборовите на среношколецот, другите мејлови сочувани во невладиниот компјутер на Бренан содржеле броеви од пензионо и здравствено осигурување, приватни информации на илјадници американски обавестувачи, а и еден владин документ во кој се споменуваат груби техники на испрашување кон осомничените за тероризам.
ФБИ и другите агенции сега го истражуваа хакерот, а еден од изворите вели дека е можно кривично да го гонат.
Мислам дека ќе сакаат од него да направат пример кој ќе ги обесхрабри останатите луѓе да ги прават истите работи – вели анонимен извор од федералната служба.
Во текот на низа телефонски разговори со New York Post, хакерот се опушал како американски средношколец кој не е муслимат, и дека за нападот го мотивирало противење на американската надворешна политика и подршката за Палестина.
Не сакал да го открие своето име, ниту адресата, меѓутоа успеал да го исполни ветувањето дека ќе објави на Твитер „CWA е сопственост на John Brennan од CIA“ за да докаже дека тој го контролира твитер профилот со име @phphax.
Хакерот кога се јавил во медиумот и се пофалил со својот потфат, кои вклучува објавување на неколку ограбени документи и дел од контакт листата на Бренан на Твитер.
Профилот на Бренан е деактивиран во петок, а хакерот рекол дека преку тактиката „социјално инжинерство“ ги прелажал вработените во Веризона и АОЛ, за да му ги дадат приватните податоци на директорот на ЦИА и да му овозможат да ја промени лозинката на профилот.
ЦИА вели дека е свесна за објавите на социјалните мрежи и дека преземаат адекватни мерки.