Еден сребрен и два бронзени медали освоија каратистите на Карате клубот Мусаши од Куманово на Интернационалниот турнир Grand Prix Olimpik што се одржа во Спортскиот центар Јане Сандански – Скопје.

Второ место и сребрен медал освои Теона Петковска во категоријата 2015.

Божин Зафировски освои бронзен медал во категоријата кадети, исто како и Лука Стојчевски во категоријата 2013.

– Честитки до нашите медалисти за нивната одлична форма и посветеност! Голема пофалба и за останатите наши каратисти кои, иако не освоија медал, покажаа силни настапи, борбеност и срце на татамито! Секој од нив достојно го претстави нашиот клуб. Ова е само почеток – со уште поголема енергија и мотивација одиме понатаму, велат од КК Мусаши.

Инаку на интернационалниот турнир учествуваа над 900 каратисти од Македонија, Србија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, како и многу други земји.




Никола Ивановски

