Србин приведен во Куманово поради шверц на мигранти

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Србија бил приведен во кумановско под сомнение дека шверцувал мигранти.

Loading...

– Денеска (27.09.2022) околу 15.45 часот во близина на с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ж.(24) од Република Србија затоа што со возило „сааб” превезувал седум лица мигранти од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат,  но биле фатени и приведени во полициска станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

– Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека, по целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски