Србин бил агресивен кон полицајци на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен државјанин на Србија завчера бил приведен на граничниот премин Табановце поради агресивно однесување кон полицајци.

Loading...

– На 25.08.2024 околу 07.30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Табановце го лишиле од слобода Н.Т.(39) од Република Србија затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, претходно на граничниот премин со патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки поминал на лентата за автобуси и не застанал на пасошка контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

– Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски