Мигранти биле откриени завчера во кумановското село Горно Којнаре, кои излегле од струмичко возило, но криумчарот избегал.
– На 13.08.2023 во 15.00 часот кај крстосница од с.Горно Којнаре кон Табановска река, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север забележале како од патничко возило „сеат алтеа“ со струмички регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, откако ги забележал полициските службеници, возачот го напуштил возилото и се дал во бегство.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце, а возилото било пренесено во Полициската станица за граничен надзор Сопот.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски