Вкупно 923 кутии со разни лекови наменети за македонскиот пазар (Sintrom 4mg, Lorsilan 2,5gr, Pentoksifilin 5ml, Parsedil 75mg, Torecan 6.5 mg, Keltican forte 5,3mg, Fluzepam 30mg, Vitamin B12 1ml и Adrenaline 1ml), биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Белград, извршена на железничката станица Табановце, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Лековите биле пронајдени во 5 картонски кутии обвиткани со најлонска кеса, сокриени во делот наменет за филтер за воздух на еден од вагоните.
Истите биле привремено задржани, а против одговорното лице на македонски железници ќе биде поведена прекршочна постапка.