Спортската сала во Куманово ќе биде реконструирана до 11 Ноември (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На 11ти Ноември, кога се слави Денот на ослободување на Куманово, ќе биде пуштена во употреба реконструираната Спортска сала.

Loading...

Ова вчера го најави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Нашата гордост Спортската сала Куманово, добива нов лик, продолжува целосна реконструкција на истата. Се гледаме на 11 ти Ноември на пуштање во употреба, напиша тој на социјалните мрежи.

 

Loading...

 

Од фотографиите може да се заклучи дека е завршена уредувањето на подот и трибините, а според претходните најави се очекува да се постави нов паркет.

 

 

Претходно се работеше на реконструкција на боксерската сала и трибините, а целиот проект за промена на внатрешниот лик на спортскиот објект ќе чини 12 милиони денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

 

Loading...

 

Во проектот е предвидена и набавка на нова опрема и реквизити, а претходно беше сменета целосно кровната конструкција.

 

Никола Ивановски