Според биометеоролошката прогноза, очекувајте главоболки и општа слабост

Сподели со своите пријатели

Биометеоролошките услови за денес ќе бидат лоши, јавува УХМР.

Loading...

Во утринските часови, кај поголем број луѓе е можна појава на главоболка, но и болки во колената, грбот и вратот. Во попладневните часови, кај поголем број луѓе, можна е деконцентрација и изнемоштеност, а кај некои пак, ќе се појави чувство на тежина во главата.

Во попладневните часови, болките од ревматски карактер, но и оние од артритични промени ќе се поупорни.

На 1 август, според биометеоролошката прогноза, повторно ќе настапат лоши услови по здравјето на хронично болните.

Биометеоролозите предвидуват исти симпотми како за денешниот ден, но со додатна појава на општа слабост.