Спор ви е телефонот и ви се троши батеријата? Можеби имате некоја од овие опасни апликации!

Сподели со своите пријатели

Милиони Андроид корисници симнале апликации кои им го успоруваат телефонот и им ја трошат батеријата.

Loading...

Истражувачите од безбедносната компанија „Trend Micro“ откриле 85 различни апликации за фоторафија и игри кои се преполни со „адвери“ во официјалната продавница за апликации на Гугл.

Најлошо од се е што овие пликации се преземени повеќе од 8 милиони пати.

Безбедносната компанија објавила цела листа лажни апликации, но некои од најпопуларните се Super selfie, Cos Camera, Pop Camera и Line puzzle.

Еден од начините на кој овие опасни апликации избегнувале да бидат детектирани е создавање пречки во апликацијата на „хоум“ екранот на телефонот 30 минути по нивното инсталирање.

Ова им овозможило да бидат видливи, но на овој начин ги одвраќале корисниците да ги деинсталираат.

Кога ќе се активираат, апликациите функционираат онака како што фото аплиакција или игра треба да функционира, но воедно пуштаат и долги реклами преку целиот екран кои е невозможно да бидат затворени.

Leave a Reply