Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер избра 25 играчи за претстојната Лига на шампиони, а меѓу нив не се голманот Серхио Ромеро и дефанзивците Фил Џонс и Маркос Рохо.
Ромеро, Џонс и Рохо не добија шанса дури од почетокот на сезоната во домашните натпреварувања, па некаде се очекуваше да отсуствуваат од списокот на апликанти за Лигата на шампионите.
На него, пак, се сите три засилувања кои пристигнаа на „Олд Трафорд“ на последниот ден од преодниот рок – Единсон Кавани, Алекс Телеш и Факундо Пелистри.
Интересно е што Мејсон Гринвуд е на Б листата, што значи дека тој ќе може да игра само во групната фаза.
Јунајтед е во групата Х од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, Лајпциг и Башакшехир.
„Црвените ѓаволи“ ќе гостуваат во Париз на почетокот на натпреварувањето, на 20 октомври.
Список на регистрирани играчи:
Голмани: Дејвид де Хеа, Дин Хендерсон, Ли Грант.
Дефанзивци: Ерик Баjи, Тим Фосу-Менса, Виктор Линделoф, Хари Мекгваер, Лук Шоу, Алекс Теле[, Аксел Туанзебе, Арон Ван-Бисака.
Среден ред: Бруно Фернанде[, Фред, Даниел Џејмс, Џеси Лингард, Хуан Мата, Немања Матиќ, Скот МекТомини, Факундо Пелистри, Пол Погба, Дони ван де Бек.
Напаѓачи: Единсон Кавани, Ентони Марсијал, Одион Игало, Маркус Рашфорд.
Влатче Зорба