Со цел доследно почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, тимот на Специјалното јавно обвинителство оформи фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, каде, како што информираат, редовно ќе бидат објавувани сите соопштенија и ставови околу одредени актуелни прашања.
По изборот на јавните обвинители во тимот, јавното обвинитлство информира дека е започнат процесот на обуки, а имајќи ја предвид природата на предметите со кои се соочува ова Јавно обвинителство.
Во меѓувреме, изготен е и Предлог Закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар.
Предлог Законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство. Предлог Законот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. Очекуваме Предлог Законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација, се вели во објавата на Фејсбук.
Официјалните постории на Јавното обвинителство остануваат во Министерството за правда, додека електронска пошта на обвинителството е: [email protected].
Фан страната на Специјалното јавно обвинителство е достапна за користење на социјалната мрежа со кликање на опцијата ”ми се допаѓа”, со впишување на Специјално јавно обвинителство во пребарувачот на Фејсбук.