Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот Т. П., кој беше повреден во синоќешните настани во општина Бутел и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување.
Инаку, во синоќешните настани беа повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие полицискиот
кордон и да се пресмета со групата која претходно постави шатори на местото на кое е предвидена изградба на верско обележје.
Инаку за утре се најавени и протест и контрапротест, а политичките партии и МВР повикаа на смиреност.