Оливер Спасовски, новиот министер за внатрешни работи денеска излезе со изјава дека на раководителите нема да им престанат надлежностите во МВР, туку тој само ги пренел истите.
Спасовски денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје при што изјави дека станува збор за нормална постапка која се применува при промена на министер за внатрешни работи.
Денеска дел од надлежностите ќе бидат вратени на структурите во МВР, така што нормално функционира, нема потреба никој да биде загрижен во министерството, секој што е професионалец, ќе биде ценет, и во тој дух ќе биде мојата натамошна активност – вели Спасовски.
Министерот вели дека не размислвал за кадровски промени, туку додава дека во минситерството има голем број на професионалци со кои тој сака да работи.
Не сум размислувал за промени на нови кадри, влезот е да ја видиме состојбата во министерството, да видиме каква е финасиската состојба, какви се човечките ресурси, па прво да ги видам овие работи, а понатаму со јавноста ќе се споделат сите информации.
Инаку во текот на денот излезе нова телеграма на министерот Спасовски во кој тој потенцира дека освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник, како и овластувањата за ракување со печати и штембили кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластувања.
Инаку и во текот на денешниот ден провладините медиуми повторно на секој можен начин го напаѓаат новиот министер велејќи дека ја парализирал работата на МВР.
извор: а1он.мк