Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес беше во Гевгелија во посета на транзитниот прифатен центар на граничната линија меѓу Грција -Македонија кај котата 59, со цел да се запознае одблиску со ситуацијата на терен околу денешниов инцидент на поединци од економските мигранти со полициските службеници и армијата.
Министерот Спасовски ги посети и разговараше и со повредените полициските службеници , задржани во медицинскиот центар во Гевгелија посакувајќи им побрзо опоравување.
Денешните немири започнаа околу 13:30 часот, откако група економски мигранти почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонска страна.
Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови.