Советниците во Општина Куманово од коалицијата ВЛЕН преку Фејсбук статус се оградија од изјавите на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој ОНА, ја нарече терористичка организација.
„Ние советниците на ВЛЕН се дистанцираме од детските изјави на градоначалникот на Општина Куманово за ОНА.
И ја информираме јавноста дека ние во коалицијата на сме Максим Димитриевски, туку сме за реализација на проектите кои се во интерес на нашите гласачи и кои денес може да ги види секој граѓанин.
За нас периодот на ОНА и нејзинат аправедна борба е најславниот период од нашата историја во последните сто години. За сите нас, ОНА е нашиот полд и цел.
Луѓето кои поинаку ја пишуваат историјата и оние кои ги поддржуваат не го сакаат најдоброто од оваа земја.
Историјата припаѓа на минатото и наша политичка определба е постигнување целосна рамноправност на Албанците во сите сегменти на државното формирање, плод и цел на војната на ОНА, стои во заедничкото соопштение на советниците објавено на социјалните мрежи.