Сопственик на куќа паднал врз греалка и предизвикал пожар

Сподели со своите пријатели

Екипата на ТППЕ Куманово во текот на изминатиот ден бележи една интервенција на опожарена семејна куќа на ул. Кирил и Методи бр. 32. Пожарот бил пријавен во 12,25 часот каде било интервенирано со едно ПП возило и петмина пожарникари.

Loading...

Пожарот е локализиран и завршен во 12,50 часот.

Причина за опожарувањето на објектот била електрична грејалка врз која под се` уште неразјаснети околности,  паднал и се здобил со изгореници од повисок степен сопственикот на објектот.

Интерненирала и дежурната екипа на Брза помош.