За неа велат дека е најголема љубов на шеикот Хамад бин Калиф ала Танија, а нивниот син, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата на сегашен емир.
Елеганција, стил и софистицираност имаае едно поинакво име, а тоа гласи Шејха Мозах бинт Насер. Сопругата на катарскиот емир и една од неговите три жени го заслужува секој минут од вниманието на светските медиуми, а еве и зошто.
Нивната најголема и најбитна титула се секако нивните деца, т.е пет синови и две ќерки.
Таа стана сопруга на катарскиот емир во 1977 година, на своја 18 – годишна возраст. Во тоа време, таа била студент на Универзитетот во Катар, а титулата дипломиран социолог ја добила девет години по стапување во брак.
Мозах го применува стекнатото знаење и во пракса, откако станува активна во многу организации, како што се претседател на Арапската демократска организација, како и на Организацијата за образование, наука и развој на заедницата и разни програми за помош на децата.
Таа бележи значајна работа и во “Катар фондација”, со која управува нејзиниот сопруг, со чија помош е изграден и Градот на образованието во Доха, така донесувајќи ги американските факултети во Катар.
Мозах во Газа ја покрена изградбата на низа образовни институции, а нејзината работа ја доведе до тоа, оваа жена да поседува седум почесни докторати. Таа често е видена во друштво на својот сопруг за време на службените патувања низ светот.
Таа не заостанува во стилот на облекување.
Ги сака западните модни дизајнери, па често е видена во кондури на Кристијан Лубутен и креациите на Жан Пол Готие, што ја направи да биде избрана за една од најдобро облечени жени на светот според магазинот “Vanity Fair”.
Поради погоре набројаните ангажмани, не е ни случајност што Форбс ја стави на 74 – тото место на листата на светски најмоќни жени на светот (The World’s 100 Most Powerful Women).