Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во североисточните, северозападните и југозападните делови од државата. Во источните и јужните делови коловозите се претежно влажни, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.