Во текот на денешниот ден, како и во претходните неколку ќе имаме генерално ведро време посебно наутро и претпладне, додека во попладневните часови е можен локален развој на нестабилна облачност,, особено во планинскиот реон, пишува порталот МетеоПро.
Оваа нестабилност, која најизразена ќе биде во осоговскиот, кожуфскиот, шарско – корабскиот регион, како и во околината на Баба и Галичица, ќе резултира со повремен локален дожд и појава на грмежи, а навечер повторно ќе биде претежно ведро.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 25 до 29 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска не очекува сончево до умерено облачно време со максимални температурни вредности до 25 степени, додека истата во текот на ноќта ќе се спушти до 8 степени целзиусови.
Слично време не очекува и утре, а веќе во петок нестабилност со врнежи од дожд и грмежи и пад на температурата за неколку степени.