Со пластични столбчиња Општина Куманово ќе ги брани пешаците од несовесните возачи

Сподели со своите пријатели

Со пластични столбчиња Општина Куманово ќе ги брани пешаците од несовесните возачи. Завршена е тендерската постапка за изготвување техничка документација за поставување на заштитни столбчиња за разделување на пешачкиот и велосипедскиот од моторниот сообраќај, а реализацијата на проектот треба да го спроведе компанијата „Еуро роад дизајн груп“ од Скопје.

Столбчињата ќе бидат поставени на булеварите и главните сообраќајници во градот и да ги спречуваат граѓаните да се паркираат со своите автомобили на тротоарите наменети за пешаци.

Како што појасни градоначалникот Максим Димитриевски, на една до седниците на Советот, дел од граѓаните се несовесни и ги узурпираат јавните површини, попречувајќи го на тој начин движењето на пешаците во градот.

– До крајот на годината ќе се обидеме да инсталираме, да изготвиме првин сообраќаен проект за главните булевари и улици во градот со кој што ќе дефинираме фиксирање на пластични и еластични столбови кои што ќе бидат поставени и едноставно тротоарите ќе ги разграничат точно каде може да се застанува, каде ќе може да се паркира, а каде воопшто нема да може да се застанува и да се паркира со единствена цел пак да ги ставиме истите тротоари во функција, изјави градоначалникот Димитриевски.

Сличен предлог за изготвување програма за јавно прометни површини, претходно имаше и советникот од ГРОМ, Зоран Петрушевски, за кој мнозинството членови на советот гласаа против. Потоа градоначалникот давајќи објаснување за начинот на кој локалната самоуправа ќе се справувасо сообраќајниот хаос во градот појасни дека такво нешто веќе е во постапка на подготовки.

– Сакам да пофалам, да поддржам и навистина еве и ние сме почуствувале дека тротоарите мора да ги регулираме, мора да ги обезбедиме пешаците, сега каква е таа пластична или флексибилна ограда не знам, веројатно ќе ни се објасни, ваква програма мора да дојде пред нас јас само сакав да донесеме одлука да изготвиме таква програма, но еве градоначалникот работи на таа тема. Добро е што е тоа така, рече советникот Зоран Петрушевски.

Договорот е тежок 585.000 денари без вклучен ДДВ, односно околу 9.500 евра и компанијата во рок од 12 дена од потпишување на догворот е должна да изработи техничка докиментација за локалната самоуправа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Leave a Reply